Првиот човек на АД ЕСМ, Васко Стефанов денеска информираше дека следната недела ќе започне дислокацијата на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ во близина на ТЦ „Ист гејт“.
-Интензивно изминатиот период работевме на оваа проблематика. Топловодот треба да се отстрани и комунициравме со Град Скопје на кој начин да го решиме проблемот. Ние од наша страна преземавме се и прва фаза е дислокација на топловодот кое се надеваме ќе започне од идната недела оти има законски процедури. Процесот ќе го води ЕСМ Дистрибуција во чија надлежност е топловодот, кажа Стефанов на новинарско прашање.
После дислокацијата, ќе следи санација на мостот и тој повторно ќе биде пуштен во функција.
Мостот „Беласица“ не се користи од средината на минатиот месец. Беше запалена електрична инсталација, имаше одрони од бетонот, а беше запалена и обвивката од цевководите за парно греење.
Градоначалничката Данела Арсовска неодамна изјави дека мостот не е сериозно оштетен и дека ќе се санира многу брзо.