Американската технолошка компанија Apple стана првата корпорација во светот која достигна вредност од над 3.000 милијарди долари на затворањето на берзата.
Тој резултат, како што пишува Wall Street Journal, го одразува трајното влијание на iPhone, паметниот телефон кој продолжува да го трансформира животот и трговијата низ светот, пренесе Beta.
Apple, роден во гаража во Калифорнија како компјутерска компанија, сега вреди двојно повеќе од стариот ривал Google и седум пати повеќе од нафтениот гигант Exxon Mobil, кој со години беше највредната компанија во светот.
Акциите на Apple пораснаа оваа година поради новата побарувачка на пазарите во развој како Индија, но и поради новиот уред, AR очилата Vision Pro. Уредот од 3.499 долари ја комбинира виртуелната реалност со можноста за вметнување дигитална содржина во реалниот свет.
Од почетокот на годината вредноста на акциите на Apple е зголемена за речиси 50 отсто.
На компанијата и требаа 42 години да достигне вредност од илјада милијарди долари во 2018 година, а потоа уште две години да достигне 2 трилиони долари. Беа потребни уште три години за новиот рекорд од 3.000 милијарди долари.
Во јануари 2022 година, Apple накратко ја премина пазарна вредност од 3 трилиони долари во текот на денот, но не успеа да се одржи над таа граница додека не се затвори берзата.