Мбапе повика на прекин на насилството: Имате право на тага и болка, но не и на палење и грабежи

од Nikola Popovski
301 прегледи

Нахел, 17-годишно момче, почина во вторникот наутро откако беше застрелано од полицаец, откако го возеше својот автомобил низ полициски контролен пункт во париското предградие Нантер. Смртта на младиот човек предизвика немири на периферијата на француската престолнина, при што првиот ден беа уапсени 13 демонстранти, но и полицаецот кој пукал во младиот човек.

По трагичниот настан, Килијан Мбапе напиша потресен твит во кој ја оплакува смртта на младиот човек: „Жал ми е за мојата Франција. Ова е неприфатлива ситуација. Сите мои мисли се со семејството на Нахел, ова мало ангелче кое замина прерано“, напиша тој.

Oткако немирите се зголемија, а бројката на вкупно уапсени се искачи на 1000, Мбапе преку писмо и се обрати на земјата. Во него, тој ги осудува оние кои ја злоупотребуваат тагата и болката од трагедијата и подлабоките проблеми што ја потресуваат Франција преку уривање, палење и грабежи:

„Како и сите Французи, бевме одбележани и шокирани од бруталната смрт на младиот Нахел. Најпрво, сакам да кажам дека нашите мисли се со него и неговото семејство, на кои упатуваме најискрено сочувство. Не можеме да останеме бесчувствителни на околностите во кои се случил овој трагичен настан.

По трагичниот настан, сведоци сме на манифестирање на народниот гнев, причината поради која ја разбираме, но не можеме да го оправдаме или поткрепиме начинот на кој е изразен. Пред се ние од работничките населби чувствуваме болка и тага и ги споделуваме со оние кои страдаат. Но, ова прикажување на страдање е придружено со самоуништување на кое сме сведоци. Насилството не решава ништо.

Напротив, секогаш се врти против оној кој е насилен, но и против неговото семејство, блиските и соседите. Вие што уништувате со тага мора да знаете дека ги уништувате вашите маала, вашите градови, драги и важни места. Во време на екстремна тензија, не смееме да молчиме за грдите работи што се случуваат, туку да повикуваме на мир и помирување. Родителите, млади и стари, браќа и сестри, мора да работат заедно за да го вратиме мирот во нашите градови.

Нашата судбина е соживот, не можеме без него и тоа сега е загрозено. Обврска на сите нас е да го зачуваме. Постојат мирни и конструктивни начини за изразување на тагата и болката. Треба да ја насочиме нашата енергија и акција на тоа. Времето на насилство мора да заврши и да отвори пат за тага, дијалог и обнова“, стои во писмото на Мбапе.

 

Слични содржини