368
За време на четвртата ноќ од улични протести во Франција, опожарени се повеќе од 1.350 автомобили, а на патиштата предизвикани се вкупно 2.560 пожари, соопшти денеска МВР.
Немирите започнаа откако полицаец во вторникот уби 17-годишен возач во Париз, јави ДПА.
Околу 45.000 полицајци, вклучително и припадници на специјалните сили, беа распоредени ширум Франција во петокот.
Властите тврдат дека била нападната 31 полициска станица и дека биле уапсени речиси 1.000 луѓе, но дека насилството било „значително помалку интензивно“ отколку во четвртокот.