Нантер и Франција денеска се простија од седумнаесетгодишниот Наел, кој беше застрелан и убиен од полицаец за време на сообраќајна контрола во вторникот.
Наел бил погребан во родниот Нантер, западното предградие на Париз. Најпрвин била организирана проштална церемонија, при што од него се простиле пријателите и голем број од оние кои дошле да изразат сочувство.
-Дојдов поради мајката, таа го имаше само него, што ќе прави сега?, изјавил еден од жителите на Нантер.
Се се одвивашло во тензична атмосфера, а новинарите не биле добредојдени. Обредот кој започнал во 11 часот, бил извршен во џамијата Ибн Бадис, а погребот се одржал во тесен семеен круг на гробиштата Мон Валеријан во Нантер.
Како што наведуваат тамошните медиуми, Франција се подготвува за евентуална петта ноќ на немири.
Во Марсеј се распоредени две оклопни возила, а во сабота навечер во Лион се очекува да пристигне ЦРС-8, новоформираната специјална единица на полицијата за немири.
Ова уследи по барањето за „засилување“ од страна на градоначалникот на Лион, Грегори Дусет.
Утрината пожарникарите во Нантер гаснеа пожар што го подметнаа демонстрантите кои оставија запалени остатоци од автомобили расфрлани низ улиците. Во соседното предградие Коломбо, демонстрантите превртеа корпи за отпадоци и ги користеа како импровизирани барикади.
Насилството се прошири низ целата земја.
Разбојници упаднале во продавница за оружје и зеле оружје во градот Марсеј, соопшти полицијата. Тамошните полициски службеници уапсија околу 90 луѓе додека групи демонстранти палеле автомобили, кршеле излози и ограбувале.