Ја изневери бремената девојка, јавно и се извини, а сега старлета тврди: „Нејмар нема срам“

од Vladimir Zorba
500 прегледи

Откако Нејмар (31) јавно призна дека ја изневерил својата бремена девојка Бруна Бјанкарди (28) и ѝ се извини на социјалните мрежи, молејќи за прошка, сега старлетата Селест Брајт реагираше при нејзината нова објава.

Таа на Инстаграм сподели како фудбалерот наводно реагирал на нејзината објава, а потоа и го избришала профилот.

– Ако имате девојка или жена, не праќајте пораки на други жени. Тоа е погрешно и покажува големо непочитување кон личноста со која сте – рече таа во објавата и сподели како Нејмар реагирал на тоа со емотикон од аплауз, пишува Marca.

Нејзината објава се прошири на социјалните мрежи, а фудбалерот беше критикуван и очигледно е дека не ја научил лекцијата.

– Не знам како не се срами да го прави ова додека има бремена девојка дома; Срамота: Се уште не научи, нема ни да научи – напишале.

Инаку, Нејмар и Бруна Бјанкарди во април објавија дека го чекаат своето прво дете. Двојката почна да се забавува пред две години, а тој веќе го има 12-годишниот син Дави Лука од претходната врска со Каролина Дантас.

Маркетинг менаџерката Бруна има 2,4 милиони следбеници на Инстаграм. Таа студирала мода на приватниот универзитет Анхембри Морумби во нејзиниот роден Сао Паоло пред да ја лансира својата препознатлива линија на облека.

Нејзината врска со Нејмар ја подигна нејзината популарност на светско ниво.

Слични содржини