Соопштението на извршниот директор на Твитер, Илон Маск, во саботата дека социјалната мрежа поставила привремено ограничување на бројот на твитови што корисниците можат да ги читаат дневно предизвика голема бура кај членовите на заедницата, но еден ден подоцна се покажа дека тоа е само „вежба во иронија“, како што рече Маск.
„Во уште една вежба за иронија, оваа објава постигна рекорден број прегледи!“, коментира Маск на својот твит кој за помалку од 20 часа имал повеќе од 445 милиони прегледи.
To address extreme levels of data scraping & system manipulation, we’ve applied the following temporary limits:
– Verified accounts are limited to reading 6000 posts/day
– Unverified accounts to 600 posts/day
– New unverified accounts to 300/day— Elon Musk (@elonmusk) July 1, 2023
Маск во тој твит навел дека корисниците на неверификуваните профили можат да читаат до 600 твитови дневно, додека новите непроверени корисници можат да прочитаат само 300 твитови.
„Од друга страна, ако зборуваме за корисници на проверени профили, лимитот е до 6.000 твитови дневно“, додал директорот на Твитер.
Неколку часа подоцна Маск ја „објасни“ својата контроверзна одлука.
you awake from a deep trance,
step away from the phone
to see your friends & family— Elon Musk (@elonmusk) July 2, 2023
„Причината зошто ставив „ограничување на прегледи“ е затоа што сите сме зависници од Твитер и треба да излеземе. Правам добро дело за светот/ Исто така, само што прочитавте уште еден твит“, напишал Маск во свој стил.
Потоа им порачал на твитерџиите „да се тргнат од своите телефони за да ги видат своите пријатели и семејството“.
Фото: Jim Watson / Zuma Press / Profimedia