280
Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за АРД изјави дека Берлин не сака Киев да користи оружје со долг дострел што го испорачува Западот за да ја нападне Русија.
– За нас постои принцип што го делам со американскиот претседател – не сакаме оружјето што го доставуваме да се користи за гранатирање на руски територии, рече Шолц.
Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус претходно го објави мошне резервираниот став на Берлин во однос на барањето на Киев да ги снабдува вооружените сили на Украина со крстосувачки ракети Таурус.