Москва: Во Русија има 700.000 деца од конфликтните зони во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Русија прифати и префрли на своја територија околу 700.000 деца од конфликтните зони во Украина, изјави шефот на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата, Григориј Карасин.

„Во последниве години, околу 700.000 деца кои избегаа од бомбардирање и гранатирање во конфликтните зони во Украина најдоа засолниште кај нас“, напиша Карасин на својот Телеграм канал, пренесува „Ројтерс“.

Официјална Москва соопшти дека програмата за прифаќање деца од Украина е дизајнирана да ги заштити сирачињата и напуштените деца од областите каде што се водат борби.