398
Тејлор Свифт неодамна одржа концерт во Охајо, а ова воедно е и почеток на турнејата Ерас.
Концертот на стадионот „Пајкор“ собра 65.000 фанови на оваа пејачка, а дел од нив беа интервјуирани од новинарските екипи.
Убедливо најголемо внимание предизвика жена која на концертот дојде со ќебе над главата и очила за сонце. На интернет кружи интервју со неа, а причината поради која дошла вака облечена е што го излажала шефот дека е болна и поради тоа не може да оди на работа.
„Ја обожавам. За малку ќе ја крстев ќерка ми по неа“, изјавила мистериозната обожавателка.