Јакимовски го прашува Мицкоски да каже на колку години ја изградил првата хидроцентрала

од Nikola Popovski
403 прегледи

Деновиве актуелна тема ни е како внукот на господинот Али Ахмети на 23 години стекнал толкаво богатство, како што е дел од сопственоста во ТЦ „Соравија“ и тоа е легитимно прашање и треба да се отвори и испита дали средствата се обезбедени на легален или нелегален начин. Тоа прашање најчесто го поставуваат господата од ВМРО-ДПМНЕ. Ние исто имаме едно прашаме – да го прашаме претендентот за власт, Христијан Мицкоски на колку години ја направи првата хидроцентрала, дали тоа беше пред да биде советник во Владата на Груевски, дали пред да биде директор на ЕСМ или ја направил првата хидроцентрала откако стана директор на ЕСМ, праша денеска лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.

Градоначалникот порачува дека во описот на директорот на ЕСМ стои да гради хидроцентрални и да обезбедува електрична енергија, но за државата и народот и не за себе.

-Во случајот тој има градено за себе и треба да го прашаме на колку години стекна таков милионски имот. Прашањето е толку лесно, рече Јакимовски на прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ лани соопштија Мицкоски дека е основач и сопственик на фирмата „Енерготек“ со која влегува во конзорциумот „Минка – Енерготек“.

-Во 2015 година од Владата на Груевски добива 33 илјади метри квадратни државно земјиште и гради хидроцентрали. Мицкоски токму во тој период во истата таа Влада од која добива земјиште и концесија е советник за енергетика на неговиот шеф и ментор, тогаш премиер, Никола Груевски. Затоа и меѓу своите од ВМРО-ДПМНЕ го добил и надимакот Хидро Мицко, соопштија претходно од владеачката партија.

Слични содржини