Кинеската Roewe (дел од компанијата SAIC) планира да започне со продажба на новиот електричен седан D7 пред крајот на оваа година. За D7, британските медиуми пишуваат дека можеби ќе се продава и во Европа, под брендот MG.
Со должина од 4890 mm, D7 е за 66 mm пократок од Volkswagen ID 7 и се базира на новата платформа Nubula EV на SAIC. Планирано е на него во следните две години да бидат базирани до 16 модели на брендови во сопственост на SAIC.
Roewe потврди две опции за погон за својот нов седан, и двете со еден мотор. Послабата верзија има 194 КС и автономија до 510 километри според кинескиот тест циклус CLTC, додека малку посилната верзија има 208 КС и автономија од 610 километри.
Сè уште нема официјална потврда дали D7 ќе се продава во Велика Британија. Сепак, Roewe Ei5 веќе се продава под брендот MG 5 SW EV, а MG Marvel R првично беше лансиран како Roewe Marvel X, што доведе до шпекулации дека новиот седан може да се продава на извозните пазари под познатиот назив MG.