Фирмата на Дрин Ахмети ќе го тужи Ковачки доколку не се извини за „лагите“

од Nikola Popovski
406 прегледи

Фирмата „Тор индустрис“ во сопственост на внукот на Али Ахмети, Дрин денеска побара извинување од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Во спротивно, велат од таму, ќе бидат приморани да го тужат пратеникот за изнесените лаги.

-Во врска со видео-изјавата на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки, објавена на Јутуб каналот на ВМРО-ДПМНЕ, како и на интернет страницата на Сител Телевизија, со наслов „Ковачки: Внукот на Али Ахмети со фирмата која ја купи Соравија работи на Коридор 8“, сакаме да ве информираме дека се работи за комплетна невистина и погрешна пласирана информација во јавноста. „Тхор Индустриес“ ги демантира сите невистини искажани од господинот Ковачки, а кои беа подоцна пренесени на веб страната на Сител Телевизија, стои во соопштението на компанијата.

„Тор индустриас“ бара јавно извинување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Ковачки, а доколку не дојде до такво нешто, ќе ги превземе сите правни дејствија за претрпената штета од, како што велат, изнесените невистини.

Ковачки денеска на прес-конференција порача дека внукот на Али Ахмети со неговата фирма работи на изградбата на Коридорот 8 и други патишта и се крие како подизведувач.

-Дрин Ахмети со Тор Индустриес, заедно со уште една фирма од кланот Зајас за која ќе зборуваме деновиве е вклучен во изградба на Коридор 8, договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи. Кога голем број фирми едвај наоѓаат работа, фирмата на Дрин е најпосакуван партнер и дежурен подизведувач, на многу поголеми фирми. Дали зад тоа се крие Ахмети и дали има трговија со влијание?, рече меѓу другото Ковачки.

Слични содржини