Израел го нападна Појасот Газа по повлекувањето од Џенин

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Израелските војници се повлекоа од северот на Западниот Брег, каде во дводневна операција убија 12 лица, но ситуацијата ескалира во Појасот Газа, каде беа извршени воздушни напади.

Гаѓан е северниот дел на Појасот Газа, објавија локалните медиуми, по ракетниот истрел од енклавата кон Израел.

Израелските медиуми, повикувајќи се на палестински извори, наведуваат дека воздухопловните сили погодиле цел во близина на градот Беит Лахија.

Палестинските медиуми тврдат дека се регистрирани најмалку три воздушни напади на локации во градот.

Засега нема информации за жртви или материјална штета, додека палестински безбедносни извори изјавија дека е погодена воена локација на Хамас.

Новинар на „Ал Џезира“ изјави дека нападите биле очекувани по палестинскиот оган врз Израел.

Претходно, израелската армија објави дека еден нејзин член е убиен во бегалскиот камп Џенин, на окупираниот Западен Брег, од каде израелските сили се повлекоа по дводневната голема операција во која загинаа 12 Палестинци, а околу стотина беа ранети.

Слични содржини