Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради доаѓањето на Рама

од Nikola Popovski
231 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 06.07.2023 (четврток), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Владата на Р.Албанија, Н.Е. Еди Рама, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај.

Имено, за сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, дел од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“.

Од тие причини, Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Предвидено е Рама да се сретне со премиерот Димитар Ковачевски.

Слични содржини