Попладне повторно услови за пороен дожд и грмежи

од Nikola Popovski
236 прегледи

ОД УХМР известуваат дека денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Максималната температура ќе се искачи до 34 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Температурата ќе стигне до 32 степени Целзиусови.

Во текот на следната седмица температурите насекаде ќе бидат над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија тие ќе се искачат и до 38 степени, локално може да ги очекуваме и првите температури од 40 степени.

Слични содржини