Зеленски допатува во Софија

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пристигна во бугарската престолнина Софија.

Тој на Телеграм објави дека е во Софија и дека ќе разговара со претседателот на Бугарија Румен Радев и со бугарскиот премиер Николај Денков.

Зеленски посочи дека со Радев и Денков ќе разговара за различни прашања, вклучително и безбедноста и самитот на НАТО што следната недела се одржува во Литванија, пренесе „Ројтерс“.

„Поддршка за одбраната, евроатлантската интеграција (на Украина), самитот на НАТО, безбедносните гаранции и спроведувањето на Формулата за мир (за ставање крај на конфликтот меѓу Украина и Русија)“, напиша Зеленски.

Слични содржини