Бизарни фотографии од приватната архива на Пригожин: Водачот на „Вагнер“ во разни маски

од Stefanija Kuzmanovska
557 прегледи

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, носи бизарни маски.

Фотографиите наводно потекнуваат од приватниот албум на Пригожин, а биле објавени од Руската служба за безбедност (ФСБ) по рацијата на имотот на лидерот на платениците во Санкт Петербург, пренесува Sky news.

На фотографиите се гледа како Пригожин наводно позира во разни униформи, додека на некои носи лажна брада и перика.

Овие фотографии не можат да се потврдат независно.

За потсетување, руските државни медиуми објавија снимка од рацијата на имотот на Евгениј Пригожин, на која се гледаат перики, кутии полни со пари и куп лажни пасоши, наводно, пронајдени во неговата резиденција и канцеларија.

Слични содржини