Рама: Отворен Балкан донесе само добри работи, Курти згреши што не учествува

од Stefanija Kuzmanovska
296 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека Отворениот Балкан му донел само добри работи на регионот, а премиерот на Косово Албин Курти згрешил што не учествувал во таа иницијатива.

„Погледнете ја трговската размена меѓу земјите и запомнете дека она што е направено не може да се поништи. Дури и Берлинскиот процес имаше корист од Отворениот Балкан“, рече Рама на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски за време на неговата посета на Скопје.

Рама изјави дека Отворен Балкан ја завршил својата мисија, но додаде дека иницијативата не е „мртва“.

Слични содржини