„Конкуренцијата е во ред, мамењето не е“: Twitter се закани дека ќе го тужи Закерберг поради „Threads“

од Stefanija Kuzmanovska
287 прегледи

Twitter се закани дека ќе ја тужи Meta поради нивната нова апликација Threads, која Марк Закерберг отворено ја нарече конкурент, а Twitter тврди дека Meta ги прекршила нејзините права на интелектуална сопственост.

Во писмото до извршниот директор Марк Закерберг, првпат објавено од новинската куќа „Семафор“, адвокат на Твитер рече дека компанијата е „сериозно загрижена што Meta е вклучена во систематско, намерно и незаконско присвојување на трговските тајни на Twitter и друга интелектуална сопственост.

„Twitter има намера строго да ги спроведе своите права на интелектуална сопственост и бара Meta да преземе итни чекори за да престане да користи какви било трговски тајни на Twitter или други високо доверливи информации“, напиша Алекс Спиро во писмото.

Во средата, Meta ја лансираше Threads, апликација наменета да се натпреварува со Twitter, со главно позитивни критики. Компанијата соопшти дека Threads собра 30 милиони корисници за помалку од 24 часа по лансирањето, што очигледно ја прави најбрзо преземената апликација досега.

Twitter тврди дека Meta вработила десетици поранешни вработени во Twitter во изминатата година, од кои некои „имале и имаат пристап до трговските тајни на Twitter и други многу доверливи информации“.

Со ова знаење, Меtа намерно ги задолжи овие вработени да ја развијат „Threads“ во рок од неколку месеци со специфична намера да ги користат трговските тајни на Twitter и друга интелектуална сопственост за да го забрзаат развојот на конкурентската апликација на Меtа, што ги прекршува државните и федерални закони, како и тековните обврски на тие вработени кон Twitter“, се вели во писмото.

„Конкуренцијата е во ред, мамењето не е“, напиша Маск на Твитер во четвртокот.

Како одговор на писмото, директорот за комуникации на Меtа, Енди Стоун, објави на „Threads“ дека нема инженери во тимот кои работеле на Twitter.

Не е јасно какви докази има Twitter дека поранешните вработени кои сега работат во Меtа сè уште имаат пристап до интелектуалната сопственост или деловните тајни на Twitter.

Слични содржини