Познатата пејачка Мадона беше пронајдена без свест на 24 јуни. Како што објавија медиумите, нејзината ќерка ја пронашла во несвест, по што пејачката била хоспитализирана.
Во меѓувреме, менаџерот на Мадона објави дека причина за нејзината состојба е бактериска инфекција, а пејачката се онесвестила откако напорно вежбала и се подготвувала за настапи, без одмор.
Кралицата на попот по неколку дена излезе од болница и сега е на домашно лекување, а за сето ова странските медиуми дојдоа до нови информации. Имено, како што пренесува „Радар онлајн“, Мадона наводно била оживеана со наркан – инјекција која се дава откако некој ќе се предозира.
Изворот на споменатиот медиум вели дека на пејачката веднаш откако ја нашле во несвест ѝ била дадена инекција наркан, а потоа била пренесена во болница. Сепак, претставниците на медиумите на пејачката и членовите на нејзиното семејство не ги коментираа овие тврдења, ниту пак самата Мадона.
Наркан е инјекција која исто така се смета за корисна за зголемување на крвниот притисок при третман на септичен шок. Засега нема докази дека на Мадона навистина ѝ била потребна оваа инекција, ниту дека пејачката навистина користела психоактивни супстанци.