768
Шефот за вештачка интелигенција на Microsoft, Ерик Бојд, денеска изјави дека компанијата ќе продолжи да ја забрзува својата работа на големи модели со вештачка интелигенција и покрај некои загрижености дека технологијата расте пребрзо и е премногу непредвидлива за да биде безбедна.
„Потенцијалот на оваа технологија навистина да ја зголеми човечката продуктивност, да придонесе за економскиот раст ширум светот, е толку моќен што би било глупаво да го игнорираме“, изјави за Sky News корпоративниот потпретседател на платформата за вештачка интелигенција на Microsoft.
Во 2019 година, американскиот софтверски гигант инвестираше 1 милијарда долари во стартапот за вештачка интелигенција OpenAI.