Во болницата Синт-Труидо во Белгија е изграден павилјон каде што миленичињата можат да ги посетуваат пациентите кои се на палијативна нега или имаат болести кои бараат долготраен третман, сето тоа во обид да се подобри благосостојбата на пациентите.
Повеќето болници ширум светот не дозволуваат посети од домашни миленици поради хигиенски и ризици од контаминација.
Пред неколку години, долгогодишните пациенти во болницата Синт-Труидо, кои сакаа да ги видат своите миленици, мораа да ги пречекаат во дворот. Идејата за наменскиот затворен простор се појави од разговорите што пациентите со рак ги имале со психолозите од болницата, а павилјонот, кој е одвоен од објектот, но е поврзан со него, бил отворен минатиот месец.
„За долгогодишните пациенти, менталната благосостојба е многу важна во закрепнувањето, а повторното поврзување со домашните миленици навистина помага“, рече портпаролката на болницата Мит Дризен.
Новиот простор, финансиран од добротворната организација за рак со 140.000 евра, им овозможува на пациентите да се среќаваат со своите миленици еден час неделно.
Засега се дозволени само кучиња и мачки.