Зеленски: Можен е нов бунт во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
368 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за ABC News изјави дека може да има нов бунт во Русија и дека има луѓе кои ќе го поддржат.

„Постои знак дека може да има уште една побуна во Русија, револуција. Покрај тоа, има многу луѓе кои би можеле да поддржат таква побуна“, рече Зеленски, коментирајќи го бунтот на руските платеници од групата „Вагнер“ кој се случи на 23 и 24 јуни во Русија.

„Путин нема воена сила во Русија, а руското цивилно население не е заштитено“, додаде тој.

Зеленски тврди дека примарна цел на шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин била да стане „политичка фигура“ во Русија и дека успеал во тоа.

Силите на „Вагнер“ дојдоа на 200 километри од Москва, пред Пригожин ненадејно да се откаже од бунтот.

„Зошто застана? Па, не знам со сигурност“, рече Зеленски.

По завршувањето на бунтот, на војниците на „Вагнер“ им беше кажано да потпишат договори со руската армија, да се вратат кај своите семејства или да ја прифатат понудата на Лукашенко да заминат во Белорусија, каде што, според сателитските снимки, се изградени потенцијални нови воени бази.

Слични содржини