Пејачот Хари Стајлс беше погоден со предмет во лицето додека настапуваше во Виена на 8 јули.
На видеото споделено на интернет од концертот на стадионот Ернст Хапел се гледа како поп-ѕвездата оди на сцената пред некој предмет да дoлета и да го удри во близина на окото.
Откако бил погоден од предметот, пејачот можел да се види како се грче од болки пред да се наведне, држејќи го лицето со рацете.
Миријам, обожавателка од Германија која била на шоуто во Виена, навела дека пејачот бил погоден откако ја испеал Sign Of The Times, првата песна на бис.
„Често го допираше лицето. Изгледаше дека има многу болки. Изгледаше како да мораше да се собере, а потоа се врати кај публиката и продолжи со настапот“, рекла таа.
Хари Стајлс (29) беше погоден со букет цвеќе за време на концерт во Кардиф минатиот месец.