Ковачевски од Вилнус: 2% од БДП ќе биде минимумот за финансирање на одбраната

од Nikola Popovski
350 прегледи

Овој исклучителен важен самит доаѓа во важен момент кога се води војна во Украина. Состанокот доаѓа после самитот во Мадрид, после кој имаше многу работа за министрите за надворешни работи и одбрана. Ќе бидат донесени неколку многу важни заклучоци, рече премиерот Димитар Ковачевски од Вилнус, Литванија каде се одржува годишнниот самит на НАТО алијансата.

Како пример, Ковачевски наведе дека ќе се донесат одлуки во однос на регионалните аспекти на одбраната на земјите од НАТО.

-Секако и аспектите на сајбер одбраната и одбраната од хибридни напади. Ќе бидат донесени и одлуки во унапредувањето на соработката со Украина. Ќе биде формиран совет на Украина и НАТО, на кој што во иднина ќе се носат и одлуки на заендичката соработка, кажа премиерот во изјава за медиумите.

Потенцира дека 2% од БДП ќе биде минимумот за финансирање на одбраната, со тоа што најмалку 20% ќе бидат за модернизација.

-Северна Македонија е земја која што веќе инвестира 30% од Буџетот за одбрана за модернизација, информира Ковачевски.

Во однос на идната соработка со Украина, премиерот посочи дека како земја имаме јасна позиција.

-Како 30. земја членка, секогаш поддржуваме отворена врата на пристапување, но отккао ќе бидат разгледани сите безбедносни аспекти на актуелниот момент. НАТО покажа дека е единствено како никогаш досега, рече претседателот на македонската влада.

Слични содржини