ПЕКОЛНИ температури во четврток и петок: „Не излегувајте од 10 до 17 часот, седете во климатизирани простории“

од Nikola Popovski
512 прегледи

Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени.

Според информациите, утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.

Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Оттаму Центарот за јавно здравје Охрид се обрати до јавноста со препораки за граѓаните, гостите и туристите за нивна заштита од топлотен бран и високите температури што го зафатија регионот.

Апелираат да се избегнува, колку што е можно, излегување во надворешна средина во периодот од 10 до 17 часот, а неопходните работи граѓаните да ги завршуваат пред 10 или после 17 часот.

Во најтоплиот период од денот да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности, да се седи во затворени климатизирани простории, со затворени прозорци и ролетни во текот на денот. Прозорците да се отвараат навечер кога температурата е пониска.

При неопходен престој на отворен простор, да се избегнува директна изложеност на сонце, со почести одмори под сенка.

Кога станува збор за облеката, да се носи светла и лесна облека, најчесто од природни такенини (памучни, ленени), да се стават заштитни очила и капа.

Препорачливо е внесување големо количество течности, најдобро вода, може и минерализирани безалкохолни пијалоци, додека да се избегнува консумација алкохолни и пијалоци што содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци.

За време на екстремно високи температури да се внесува помало количество храна, таа да не биде мрсна и високо-калорична храна, да се избегнува и храна што содржи поголемо количество шеќер.

Добро е туширање со студена вода повеќе пати во денот, може и ставање студени облоги и држење на нозете во студена вода.

За оние што се во возило се препорачува оставен отворен прозорец, за да се овозможи вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото., препорачуваат од Цетарот за јавно здравје.

Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат многу дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За секакви промени на здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор.

Кога станува збор за храната, задолиќтено миење пред употреба на свеж зеленчук и овошје. Термички подготвената храна да се конзумира веднаш после подготовката. Остатоците да се стават во ладилник на температура до осум степени Целзусови. Истовремено да се избегнуваат производи што не се термички обработени (домашен мајонез, сладолед, разни кремови).

Препорачкиви се консултации со лекар доколку се почуствуваат невообичаени симптоми што траат подолго време.

Слични содржини