ХОРОР ВО ШПАНИЈА: Обезглавено тело на дете пронајдено на плажа во одморалиште

од Stefanija Kuzmanovska
418 прегледи

Телото на две или тригодишно дете е пронајдено во вторник наутро на песочна плажа во одморалиште во Шпанија, пренесува El Pais.

Шпанските медиуми јавуваат дека телото било обезглавено и пронајдено на плажата во одморалиштето Коста Дорада Рода де Бера во провинцијата Тарагона на источниот брег на Шпанија.

Медиумите јавуваат дека телото на детето е без глава, а наводно недостасуваат и други делови од телото.

Се претпоставува дека телото било исфрлено на брегот со водата бидејќи било во напредна фаза на распаѓање.

Телото било пронајдено при чистење на плажата, а чистачката прво помислила дека се работи за кукла, со оглед на тоа дека телото било облечено во боди, тренерки и јакна.

По откривањето, полицијата го опколила просторот каде што се наоѓа телото, а туристи биле испратени на други делови од плажата. На лице место е извршена увид.

Инспекторите сега се обидуваат да го утврдат идентитетот на детето, како и причината за неговата смрт, што е многу комплицирана задача, особено ако се потврди дека дошло од морето, каде што силните морски струи можат да ги преместуваат телата од едно место на друго во прашање на часови.