НАТО: Не бараме конфронтација со Русија, но таа не е наш партнер

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

НАТО не бара конфронтација со Русија и не претставува закана за Москва, се вели во коминикето на Алијансата по завршувањето на првиот ден од самитот во Вилнус.

„Бараме стабилност и предвидливост во евроатлантската област и меѓу НАТО и Русија. НАТО не бара конфронтација и не претставува закана за Русија. Во светлината на нејзините непријателски политики и акции, не можеме да ја сметаме Русија за наш партнер“, се вели во соопштението.

Се додава дека каква било промена во односите меѓу НАТО и Русија зависи од тоа дали Москва, како што се наведува, ќе престане со своето агресивно однесување и целосно ќе го почитува меѓународното право.

Слични содржини