Русите за два дена повлекле повеќе од милијарда долари во кеш

од Stefanija Kuzmanovska
264 прегледи

Побарувачката за готовина во Русија се зголеми во јуни, што доведе до одлив на ликвидност од 500 милијарди рубљи (5,5 милијарди долари) од банките. За време на бунтот од 23-25 ​​јуни на паравоената единица „Вагнер“, Русите повлекле 100 милијарди рубљи во готовина, според Банката на Русија.

Во документот на руската централна банка беше наведено дека структурниот вишок на ликвидност е намален за 400 милијарди рубљи во јуни. Централната банка ја задржа прогнозата за структурен вишок на ликвидност на крајот на тековната година во опсег од 2.500 до 3.100 милијарди рубљи, пренесе Комерсант.

Растот на обемот на готовина во оптек не доведува до проблеми во водењето на монетарната политика, соопшти централната банка. Регулаторот го зема предвид одливот на ликвидност при утврдување на параметрите за вршење трансакции со банките.

Централната банка на 10 јули оцени дека бунтот на „Вагнер“ имал мал ефект врз девизниот курс на рубљата и дека зголемувањето на нестабилноста е краткотрајно. На 24 јуни Русите купиле девизи за 7.100 милијарди рубљи, но до крајот на месецот, поради продажбата во другите денови, обемот на купување девизи изнесува 300 милиони рубљи.

Рубљата почна да губи од почетокот на јуни. Централната банка на Русија објасни дека падот на рубљата е последица на промената на трговскиот биланс.

„Годинава забележуваме значително намалување на тековното салдо во однос на лани и претходниот квартал“, соопштуваат од банката и додаваат дека тоа е последица на намалувањето на приходите од извозот и намалувањето на цените.

Слични содржини