Зеленски: Знам зошто некои се плашат, но покана за членство во НАТО би била идеална

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Во своето обраќање на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Володимир Зеленски рече дека Украина секогаш ќе придонесува за заедничката безбедност и оцени дека новите пакети помош се „позитивна вест“.

Тој им се заблагодари на лидерите кои помогнаа, како и на фактот дека се преземени важни чекори за поедноставување на процесот за членство во НАТО на Украина.

Тој додаде дека украинските војници докажале дека демократијата е посилна од „терористичките напади“ извршени од Русија.

Зборувајќи за резултатите од самитот на НАТО во Вилнус, тој рече дека поканата до Украина за членство во НАТО формално се уште не е на маса и дека тоа би бил идеален исход.

Одговарајќи на прашања на новинарите, тој рече дека разбира зошто некои луѓе се плашат да зборуваат за членството на Украина, бидејќи никој не сака да има светска војна, пренесе Би-Би-Си.

Тој призна дека неговата земја не може да стане членка на Алијансата додека трае војната, но рече дека „сигналите се важни“.

Запрашан дали сојузниците направиле доволно за да покажат поддршка за членството на Украина во НАТО, Зеленски рече дека е испратен сигнал, кој е поврзан и со членството на Украина во ЕУ, наведувајќи дека тоа е силен сигнал за Русија дека Украина ќе биде независна држава.

Слични содржини