В.Д. директорот на тетовската Клиничка болница, Плумб Вела поднел оставка поради лични причини. Тој функцијата ја извршуваше од 28 март, како кадар на партијата Алијанса за Албанците.
-Почитувани тетовчани, драги активисти на Алијанса за Албанците! Објавувам дека денес поради лично-здравствени причини поднесов оставка на функцијата В.Д. директор на Клиничката болница Тетово и истата ја депонирав во архивата на болницата и во архивата на Министерството за здравство. Покрај тоа, депонирав оставка и во седиштето на Алијанса за Албанците и од функцијата претседател на огранокот на Алијансата за Албанците – Тетово. Ви благодарам на сите колеги од болницата, пријатели и поддржувачи на АА за поддршката и помошта во текот на овие месеци. На сите вас тетовци и активисти на Алијансата за Албанците, од се срце ви благодарам за континуираната поддршка!, напиша Вела на својот Фејсбук профил.
Додаде дека ќе продолжи да придонесува во партијата на Арбен Таравари, но само како едноставен активист.