Вечера на семејството Бекам: Сметката изнесувала 2.200 евра, а седеле зад приватен ѕид

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Сопружниците фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам (48) и модната дизајнерка Викторија Бекам (49) потрошиле речиси 2200 евра на вечера во Мајами, пренесува Page Six.

Тие биле видени како вечераат во луксузниот ресторан и бар LPM во населбата Брикел, а извор тврди дека потрошиле голема сума. Имено, таа сума не ја потрошиле сами, туку биле во друштво со уште два гостина.

Јаделе салата од ендиви, салата од пченка и калинка, тестенини arrabiata rigatoni, меѓу другите јадења кои заедно со горенаведеното изнесуваат 1676,27 евра. Сметката вклучуваше уште 20% бакшиш од 334,54 евра и 180 евра данок, па таа се искачи на речиси 2200 евра.

Не е познато дали Бекамови оставиле дополнителен бакшиш, но изворот тврди дека Бекамови и нивните гости биле исклучително љубезни кон келнерите.

Изворот ја пренесе и информацијата дека келнерката го слушнала разговорот дека се загрижени за нејзиниот изглед бидејќи цел ден работела надвор на влага. Бекам учтиво ја уверил келнерката дека сепак изгледа одлично.

Бекамови добиле ВИП третман во ресторанот со влегување и излегување од задниот излез, а вечерале зад приватен ѕид за да можат да уживаат во мирот.

Изгледа дека ресторанот LPM е еден од омилените на парот бидејќи таму вечерале и во август 2021 година кога сметката била 332 евра, а оставиле бакшиш од 108 евра. Луксузните ресторани и шопингот не се ништо ново за оваа двојка за која се вели дека заедно вредат 450 милиони долари, што е 403 и пол милиони евра.

За потсетување, парот на својата 12-годишна ќерка Харпер ѝ приреди роденденска забава на тема Прада во текот на викендот. Во април 2022 година, нивниот најстар син Бруклин Бекам се ожени со актерката Никола Пелц на раскошна церемонија во Палм Бич, Флорида. Дејвид и Викторија, кои се венчаа во 1999 година, ги имаат и синовите Ромео (20) и Круз (18).

Слични содржини