ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Кров напукна за време на лет на Air China поради силни турбуленции

од Stefanija Kuzmanovska
395 прегледи

Видеото снимено од патник во Кина на кое се гледа што се случило за време на летот од Шангај до Пекинг минатиот понеделник шокираше многумина!

Како што се гледа на снимката од летот на Air China, патниците и екипажот буквално биле „исфрлени“ од своите седишта за време на турбуленциите кои настанале.

Според „Дејли Мејл“, по инцидентот се повредени најмалку еден патник и еден член на екипажот.

Опишувајќи што се случило, патник на летот рекол дека покривот на авионот напукнал и дека бил активиран знакот за излез.

„Првата половина од летот беше тивка. Одеднаш во последните 30 до 40 минути додека патниците доаѓаа и излегуваа од тоалетот дојде до пропаѓање“, навел еден од патниците на платформата Веибо.

Тој им честиташе на членовите на екипажот бидејќи, како што рече, „и покрај стравот, тие се жртвуваа за да ги заштитат патниците кои не носеа појаси. Потоа со професионализам и смиреност им помогнаа на сите кои беа повредени“.

Слични содржини