Бајден повторно се сопна додека се качуваше во авион (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
469 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден повторно се сопна додека се качуваше на претседателскиот авион Air Force One во четвртокот, иако авионот имаше помалку напорни, пократки скали. 80-годишниот претседател бил на половина пат до влегување во авионот во Хелсинки, Финска, кога погрешно зачекорил и за малку ќе паднал, пишува „Њујорк пост“.

Инцидентот се случил на меѓународниот аеродром Хелсинки-Вантаан, од каде тој полетал до аеродромот во Мериленд по посетата на претседателот на Финска, каде што бил по дводневниот самит на НАТО во Литванија.

Минатиот месец американскиот претседател се повреди во Колорадо кога се сопна со вреќа со песок за време на церемонијата на дипломирање.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, им изјави на новинарите дека не знаела за донесените одлуки за тоа кои скали Бајден ќе ги користи кога ќе се качи на Air Force One. Претходните претседатели ги користеа пократките скали само во случај на лошо време.

Сопнувањето во четвртокот е четврти пат кога претседателот за малку ќе се повредеше качувајќи се на авион. Во февруари имаше проблеми со рамнотежата при враќањето од меѓународно патување во Полска и беше снимен како паѓа по скали.

Лекарот од Белата куќа, Кевин О’Конор, во извештај на пет страници рече дека Бајден има проблеми со одењето поради артритис на ‘рбетот, благ артритис на стапалата по фрактура и блага сензорна периферна невропатија на стапалата.

Слични содржини