Предлог за ручек: Сочни пилешки шницли

од Stefanija Kuzmanovska
612 прегледи

Шницли од пилешко месо во сос, одличен предлог за ручек.

Состојки:

– 500 гр пилешки шницли

– 2 глави кромид

– 2 чешниња лук

– 2 лажици брашно

– 250 мл топла вода

– 1/2 зеленчукова коцка за супа

– 200 мл павлака за готвење

– сол, бибер

– мелена пиперка

– сув билен зачин

– 50 гр рендан лашкавал

– свеж магдонос

Подготовка:

Добро зачинете ги пилешките шницли со пиперка, суви билки и масло.

Пржете ги во добро загреана тава неколку минути од двете страни. Извадете ги шницлите од тавата и префрлете ги во садот во кој ќе го печете јадењето.

По потреба во истото тавче додадете малку масло, кратко пропржете ги двата вида кромид, додадете брашно и убаво измешајте.

Потоа додадете ја павлаката и топлата вода во која сте ја додале коцката за супа и ситно сечканиот магдонос, сè убаво измешајте.

Гответе неколку минути, а потоа со добиениот сос прелијте ги шницлите. Одозгора изрендајте кашкавал и печете на 200 степени околу 30 минути.

Слични содржини