Уапсен скопјанец – влегол во нотарска канцеларија и одзел предмет

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Вчера во 09.45 часот на Камениот мост во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р. (25) од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека на 16 април годинава, со употреба на сила влегол во нотарска канцеларија на Е.М. и одзел предмет. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

Р.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава МВР.

Слични содржини