Citroen C3 остана без ниту една „ѕвезда“ на „краш“ тестот

од Vladimir Zorba
313 прегледи

На самиот почеток, треба да се истакне дека дотичниот Citroen C3 не е истиот автомобил што се продава во Европа.

Почива на друга платформа и е дизајниран првенствено за пазарите во развој како Јужна Америка и Индија. Додека C3 со европски спецификации, произведен во Словачка, заработи четири ѕвезди на тестот Euro NCAP во 2017 година, оној произведен во Бразил не доби ниту една.

За жал, седанот на Citroen со целосна големина не е првиот автомобил што „достигнал“ нула ѕвезди на латинскиот NCAP тест, бидејќи тоа пред него го „постигнале“ Hyundai Tucson, Fiat Argo/Cronos, Suzuki Baleno и Kia Picanto. Во случајот на Citroen C3 (CC21), латинскиот NCAP тест посочува дека малиот градски автомобил покажал „нестабилна структура, слаба заштита од фронтален удар, отсуство на странична заштита за главата и отсуство на потсетници за активирање на безбедносниот појас“.

Во понуда со само две стандардни воздушни перничиња, Citroen C3 постигна само 30,52 отсто за заштита на возрасни патници и 12,10 отсто за заштита на деца. Во однос на заштитата на пешаците, оценката е 49,74 отсто, додека резултатот во категоријата заштита на чувствителните учесници во сообраќајот во однос на безбедносната помош е 34,88 отсто.

Латинскиот NCAP не спроведе тест за судар на столб, бидејќи автомобилот нема стандардна странична заштита за главите на патниците. всушност, тоа не е ни опција. Покрај тоа, воздушното перниче за патниците не може да се деактивира.

Како што споменавме, нема потсетник за појас за патниците, додека оној за возачот не е во согласност со барањата на NCAP. Просторот за нозете на возачот е оценет како нестабилен, додека заштитата на вратот за возрасни е слаба.

Земајќи ги предвид сите нешта, Citroen има многу простор да ги подобри резултатите од тестот за несреќа на C3.

Претседателот на Latin NCAP, Стефан Броѓак, ја критикуваше матичната компанија Stellantis за начинот на кој е конструиран C3: „Штета е што Stellantis, која знае како да развие побезбедни автомобили по пристапни цени, дизајнираше автомобил со толку лоши безбедносни атрибути како што е Citroen C3. Автомобил од ваква природа претставува навреда за здравјето и интегритетот на Латиноамериканците, кои се подеднакво ранливи во ситуации на сообраќајни инциденти како и жителите на оние земји каде што Stellantis никогаш не би се осмелил да продава автомобили со толку лоши безбедносни карактеристики“.

Слични содржини