Финалниот меч на Вимблдон меѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз во живо го следат голем број познати личности, а на настанот пристигнаа и членовите на британското кралско семејство Кејт Милдтон, принцот Вилијам и нивните деца Шарлот и Џорџ.
Принцезата од Велс пред десетина дена беше на Вимблдон, а традиционално ги следи финалните натпревари (како вчерашното женско финале).
Кејт Мидлтон денеска на Вимблдон ја носи омилената боја на сезоната, зелената. Станува збор за фустан со едноставен крој кој ја истакнува линијата на нејзиното тело. Станува збор за миди модел Roland Mouret чија цена е 750 фунти или 872 евра.
Принцезата носеше и чанта со потписот на Emmy London која чини 370 фунти или 430 евра. Зад чевлите се крие модната куќа Gian Vito Rosi, а овој модел на чевли чини 630 фунти или 733 евра. Деталите за накитот на Кејт вклучуваат обетки Millina London (54 фунти или 62 евра) и нараквица Halcydays која чини 125 фунти или 145 евра.
Кејт денес на Вимблдон е дотерана и исклучително елегантна. Нејзиниот сопруг, принцот од Велс е во спортско-елегантно издание. Шарлот носи фустан со колоритен дезен во кој доминираат сини и елегантни бели чевли, додека нејзиниот брат ја продолжува традицијата да се појавува во елегантни одела на јавни настани, како неговиот татко.
Кејт Мидлтон годинава на Вимблдон носи посебен симбол на фустанот, што речиси секогаш е дел од нејзиниот стајлинг за традиционалниот тениски турнир.