Бред Пит внимателно го следи мечот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз: Изгледа подобро од било кога (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
482 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска на Вимблдон игра финале против Шпанецот Карлос Алкараз.

На овој натпревар присуствуваат многу познати личности, меѓу кои и актерот Бред Пит.

Одамна е познато дека Пит е голем љубител на тенисот и секогаш кога ќе му се укаже прилика присуствува на некој од турнирите.

Холивудскиот заводник сега будно го следи мечот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, а според фотографиите кои се појавија во јавноста се гледа дека актерот најчесто има сериозен израз на лицето.

Бред неколку пати ја покажал својата нервоза ставајќи ја раката преку лицето и гризејќи ја усната.

Она што многумина го забележаа е фактот дека Пит изгледа подобро од било кога, а коментираа дека „се чини дека времето застанало за него“. За многумина особено интересен беше податокот дека Бред е постар од Ѓоковиќ и Алкараз заедно, а сепак важи за еден од најпосакуваните мажи на светот.

Слични содржини