Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека војната во Украина не западнала во ќор-сокак, но призна дека сè уште „оди тешко“ против Русија.
„Рековме пред да започне оваа контраофанзива дека ќе биде тешко, и така и е“, рече Саливан во интервју за ABC News.
Како што истакна, таква е природата на војната, но Украинците продолжуваат да одат напред.
„Ние продолжуваме да ги снабдуваме со потребното оружје и средства за да го сторат тоа и тие ќе продолжат да се обидуваат да ја вратат територијата што Русија незаконски ја окупираше“, продолжи Саливан, укажувајќи на, како што рече, „напредок и на исток и на југ“, пренесува „Танјуг“.
Украинската контраофанзива на правците на југот на Доњецк, Артјомово и, пред сè, Запорожје започна на 4 јуни.