Откако синоќа беше урнат дел од надолжната половина на рускиот мост што го поврзува Крим со Русија, помошникот на украинскиот претседател Михајло Подољак оцени дека „секоја нелегална градба која се користи за испорака на руски средства за масовно убивање мора да биде со краток животен век.
Портпаролот на Украинската служба за безбедност (СБУ), Артем Дехтаренко изјави дека внимателно ги следи последиците од нападот на мостот и најави дека деталите ќе ги открие дури „по победата“.
„По нашата победа, Службата за безбедност на Украина дефинитивно ќе ги открие сите детали за подготовката на таа експлозија. Дотогаш, со интерес гледаме како уште еднаш еден од симболите на режимот на Путин не успеа да го издржи воениот притисок“, рече Дехтаренко.