173
Министрите за надворешни работи на Турција и Русија денеска ќе разговараат за договорот за извоз на жито преку Црното Море, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, додавајќи дека се надева на напредок по ова прашање, откако Москва претходно денеска објави дека нема да го продолжи своето учество во договорот.
„Се надевам дека ќе направиме одреден напредок со тој разговор и ќе продолжиме по својот пат без пауза“, рече Ердоган, додавајќи дека можеби ќе разговара и со неговиот руски колега Владимир Путин пред да се сретнат во август, пренесува „Ројтерс“.
Ердоган, исто така, рече дека верува оти Путин сака договорот да биде продолжен.