272
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ја блокира работата на Црноморската иницијатива за жито со цел да изврши притисок врз глобалниот земјоделски пазар.
„За Русија, ова е формат на дампинг на пазарот на жито и земјоделски производи со цел да ја блокира Украина и да биде единствениот голем извозник од овој регион. Апсолутно е јасно: тие користат притисок за да ги решат своите политички прашања и да заработат пари за нивните компании“, рече Зеленски во интервју со претставници на африканските медиуми.
Како што наведе, Русија врши притисок врз земјите од Африка, Азија и европскиот континент, како што тоа го направи со енергијата, нафтата и гасот.