Бројни експлозии: Русија го нападна југот на Украина со дронови и ракети

од Stefanija Kuzmanovska
361 прегледи

Руските сили синоќа го нападнаа југот на Украина со беспилотни летала Шахед и ракети Калибар, а експлозии се слушнаа и во Николаев и Одеса, јавуваат украинските медиуми.

Руските сили најпрво лансираа неколку бранови јуришни беспилотни летала во јужниот дел на Украина, а потоа истрелаа шест крстосувачки ракети Калибар од Црното Море кон Одеса, соопшти јужната команда на вооружените сили на Украина, пренесува „Униан“.

Се наведува дека украинските сили за противвоздушна одбрана ги елиминирале сите руски ракети, а пристанишните инфраструктурни објекти во Одеса и неколку приватни домаќинства биле оштетени од фрагменти од соборените проектили и ударниот бран.

Слични содржини