359
Пејачката Северина Вучковиќ неодамна одржа концерт во Сараево и ја „запали“ атмосферата.
Севе пред публиката се појави во краток тексас комбинезон кој ги истакна нејзините витки нозе, а судејќи по насмевката на лицето на пејачката, одлично се забавуваше во Сараево.
Таа на Инстаграм сподели серија фотографии од овој настап, не криејќи ја возбудата.
„Срцето секогаш чука посилно во Сараево. Сега и пред 20 години (фото 10)“, напиша таа во објавата.
Пејачката навистина објави фотографија направена пред две децении, кога исто така настапила во главниот град на Босна и Херцеговина, а со оваа објава воодушеви многумина.