Лајчак: Разговарав со Курти за ситуацијата на Косово и спроведувањето на договорите

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека со премиерот на Косово, Албин Курти, разговарал за ситуацијата на Косово, понатамошните чекори кон деескалација и примена на сите договори и дијалози.

Лајчак се сретна со Курти во понеделникот, како дел од симпозиумот на СИМИ кој се одржа во Грција.

„На овогодинешниот СИМИ симпозиум имав корисна дискусија со премиерот Албин Курти за актуелната ситуација на северот на Косово и натамошниот пат кон деескалација и имплементација на сите договори од дијалогот“, напиша Лајчак на Твитер.

Слични содржини