Ако не се избрише „20 отсто“ БЕСА нема да гласа за уставните измени

од Nikola Popovski
237 прегледи

Опозициската БЕСА повторно условува откако денеска порача дека ќе гласаат за уставните измени и внесување на Бугарите во Преамбулата само доколку формулацијата „20 отсто“ се замени со зборовите „албански јазик“ во Уставот. Ова денеска го истакна пратеникот на партијата, Фадил Зендели.

Според него, како партија немаат ништо против вметнување на бугарската заедница во Уставот.

Ги разбирам фрустрациите и гневот кај македонските граѓани. Не сме политичари кои немаме сенс, имаме чувство и гледаме резервираност кај голем дел од граѓаните по ова прашање. Како партии, само го изнесуваме политичкиот став, но никогаш не сме рекле дека Македонците тоа треба да го прифатат. Никогаш не сме рекле дека така треба да постапиме. Како Албанци немаме против. Сепак бараме тоа 20 отсто да се симне и да се нарекува албански јазик. Ќе инсистираме до крај ова барање да се прифати, потенцира Зендели, како одговор на новинарско прашање.

БЕСА уште пред неколку месеци порача дека ќе гласа против вклучувањето на Бугарите во Уставот, доколку формулацијата „20%“ не се замени со „албански јазик“. Партијата не учествуваше во работната група која ги подготви амандманите за уставни измени.

Слични содржини