Кривична пријава за скопјанец осомничен за „криумчарење мигранти“

од Radmila Tasevska
204 прегледи

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Ј.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

-На 12.07.2023, при обиколка на терен во Гевгелија, во населба Караорман, полициски службеници го забележале пријавениот како со неговото патничко возило „Рено лагуна“ презема 10 лица мигранти од Сирија и Египет, од кои четири малолетници. Притоа, тој не застанал на даден знак за запирање и го напуштил местото, информираа денес од МВР.

Слични содржини