205
Украинските системи за противвоздушна одбрана рано утринава се активирани поради воздушен напад на пристаништето Одеса, втора ноќ по ред, соопшти гувернерот на регионот Олех Кипер.
Русија ги нападна украинските пристаништа во вторникот, еден ден по повлекувањето од договорот што му дозволуваше на Киев да извезува жито преку Црното Море, пренесува „Ројтерс“.
„Не приоѓајте до прозорците, не пукајте и не ги откривајте позициите за противвоздушната одбрана“, предупреди гувернерот на Одеса на Телеграм.
Целиот источен дел на Украина беше во состојба на готовност поради воздушниот напад, кој започна нешто по полноќ, пренесува „Танјуг“.